РАЦИО ГРУП

Каде, како и кога ви е потребен проценител

Процена на недвижен имот

Процена на недвижен имот ви е неопходна во случај на :

- Пренос на право на сопственост,
- Определување на вредност на капитал во случаи кога доаѓа до промена на вредноста / структурата на капиталот и при статусни измени
- Стечајна постапка и ликвидација,
- Финансирање и подигање на хипотекарен и кредит


- Пребивање на побарување,
- Постапка за експропријација
- Инвеститорски консалтинг
- Судски постапки и други случаи предвидени со закон

Процена на подвижен имот

Процена на подвижен имот ви е неопходна во сите случаи како и во одделот за процена на недвижен имот со додавка на уникатните фактори кои подвижниот имот го прават подвижен односно нестатичен и полесен за пренос.




Предмет на оваа процена се подвижниот имот и хартии од вредност. Како подвижен имот во смисла на оваа методологија спаѓаат:
- Залихите
- Мебелот
- Ситен и друг инвентар во друштвата кои не секогаш спаѓаат во редовната опрема а можат да влијаат на вредноста
- Накит и уметнички творби

Процена на информатичка технологија

Дефинирање на информатичка технологија и нејзината пазарна вредност се групира во три категории,
1. Техничка инфраструктура ( хардвер и софтвер )
2. Информациски системи ( апликативни информациски системи, податоци и деловни функционалности )




3. Управување со информатички технологии со подгрупите
        - Организација
        - Управување и процеси
        - Човечки ресурси во ИТ.

Процена на индустриска сопственост

Права од индустриска сопственост се права од интелектуални творби и економски врски од областа на индустријата и трговијата, вклучително и земјоделството


- Патент
- Индустриски дизајн
- Трговска марка
- Географска ознака

Останати процени

Поради деликатноста на материјата, ве повикуваме директно да дојдете во нашата канцеларија доколку имате потреба од следниве проценки :

- Процена на машини и опрема
- Процена на вредноста на капиталот на трговски друштва, јавни претпријатија и други правни лица
- Процена на пазарна вредност на транспортни средства

- Секоја од претходните проценки можат драстично да ја зголемат претходно навидум јасната вредност на вашиот имот. Не двоумете се да не исконтактирате за било која причина.